Историја

Компанијата ЦЕР ДОО Скопје настана со реконструкцијата и приватизацијата на Рудници и Железарници “Скопје”
Компанијата отпочна со своите активности на 20 октомври 1967 г. Во 1976 беше трансформирана во независен дел на  Рудници и Железарници “Скопје”. По извршувањето на трансформацијата на капиталот во 1999 г. претпријатието е 100% приватизирано и регистрирано е како: ЦЕР ДОО СКОПЈЕ.
Во 2003 г. во интерес на подобрување на производниот процес и услуги, ЦЕР ДОО станува холдинг компанија и формира уште 6 нови друштва.
Во 2004 г. станува сопственик на МРТТ ДОО Скопје (Мерно регулациона техника и телекомуникација).
Истата година ЦЕР ги прошири своите активности  надвор од главниот град Скопје. Со купувањето на ЕМС ДОО од Штип, компанијата го зголеми производниот и услужниот капацитет. Ова беше првиот чекор за ЦЕР да има регионална производна и услужна стратегија.

Mисија

Да се биде профитабилен и конкурентен на пазарот, се нудат висококвалитетни производи и услуги со загарантиран квалитет, да се обезбеди максимално задоволство на потрошувачите, добавувачите, вработените, акционерите и зачувување на човековата околина.

 
 
Вредности


Потрошувачот
Етичко однесување
Еднаквост во третманот
Транспарентен менаџмент
Безбедност
Заштита на опремата
Заштита на човековата средина
Почитување на сечија работа
Дисциплина
Професионализам на највисоко ниво
Заслуга
Почит на директивите на компанијата и оперативната практика.

Основни цели

Здружување на традиционалните производно-услужи активности Преструктуирање и модернизирање на производно-услужните можности
Откривање на нови пазарни можности
Сите потребни активности за обезбедување на квалитетот.

ISO 9001/2000
home