I. Производство, дистрибуција и сервисирање на мерила за маса

1.МРТТ ДОО разви сопствено производство на електронски ваги со употреба на типски одобрени компоненти од Бирото за Метрологија на Република Македонија и тоа:

1.1 Ваги за тешки товарни возила, со јачина до 50000 kg, со пратечка компјутерска опрема, (според потребите и желбите на корисникот).


1.2 Електронски ваги за индустриски апликации: бункери, резервоари, асфалтни и бетонски бази, (според потребите и желбите на корисникот).

1.3 Електронски платформ ваги за индустрија и трговија, од серија МАС со јачина од 60 до 5000 kg. Со димензии на платформа (според потребите и желбите на корисникот).

2. Сервис на сите видови на електронски и механички ваги од класа (I); (II); (III); (IV)
Сервисот поседува, кадровски, материјални и просторни услови за да ги задоволи потребите на повеќе корисници истовремено.
Партнери  на МРТТ во производството и дистрибуцијата  на електронски ваги се: GWT Global (Германија), CAS (Кореја),  TEDEA/SHECKEL (Израел), PANTELIDIS (Грција).
Преку склучениот ексклузивен договор со GWT Global МРТТ е член на групацијата SARTORIUS.   

II. Верификација на мерила

1. Верификација на мерила за притисок, температура и електрични големини.


1.1 Лабораторија за мерење на притисок: верификација на мерила за притисок од -1 bar до 500 bar.  

1.2 Лабораторија за мерење на температура: до 1600 0С

1.3 Лабораторија за мерење на електрична струја, електричен напон и електричен отпор.
Испитаните мерила добиваат уверение за исправност по Законот за мерните единици и мерилата на Република Македонија. Нашите лаборатории се во функција на примена на стандардите на ISO 9000 во повеќе од 50 огранизации во Македонија.

2. Сервисирање на мернорегулационите уреди, односно делови од уреди за мерење на неелектрични големини (температура, притисок, проток и тн.), монтажа и пуштање во работа на  нови мерила во индустриски услови.

III. Сервисирање на индустриски разладни уреди и клима уреди

 `
ISO 9001/2000
home